„Пајехали”: Роботот „Фјодор” пред првиот лет во вселената ги повтори зборовите на Гагарин

Станислав Красиљников/TASS

Пред лансирањето на вселенскиот брод „Сојуз МС-14“ од 31-та платформа на космодромот „Бајконур“, антропоморфниот робот „Фјодор“ ја повтори познатата фраза на првиот космонаут Јуриј Гагарин.

„Подготвен сум. Одиме. Одиме (рус. Готов. Поехали. Поехали), ги пренесуваат руските медиуми зборовите кои роботот ги изговори во моментот на полетувањето на ракетата-носач.

За време на летот, „Фјодор“ испрати дел од телеметриските информации до Земјата, а исто така објави и дека е извршено одвојување од вториот степен на ракетата.

Според планот на летот, „Фјодор“ ќе помине околу 17 дена во орбитата. Роботот, кој лета до Меѓународната вселенска станица, ја доби шифрата Skybot F-850, каде F значи припадност на фамилијата роботи „Фјодор”.

Според директорот на „Роскосмос“ Дмитриј Рогозин, меѓу главните задачи што ќе ги врши Skybot F-850 на Меѓународната вселенска станица спаѓаат испраќање на телеметриски податоци, одредување на параметрите во врска со безбедноста на летот, вклучувајќи го и  забрзувањето и спроведување на експерименти во врска со  управувањето со помош на специјално одело што ги повторува движењата на операторот.

Во четвртокот наутро ракета-носач „Сојуз-2.1а“ со вселенскиот брод „Сојуз МС-14“, во кој се наоѓа антропоморфниот робот „Фјодор“, стартуваше од космодромот „Бајконур“.

Спојувањето на „Сојуз МС-14“ со Меѓународната вселенска станица е планирано за сабота, 24 август во 08:31 часот по московско време.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња