Рускиот вселенски робот Фјодор доби колешка Марусја

Станислав Красиљников/TASS

Како што пренесува агенцијата ABNews, Марусја ќе биде индикатор за бестежинска состојба на вселенскиот брод „Сојуз МС-14”, со кој на Меѓународната вселенска станица ќе биде упатен роботот Фјодор.

Во пресрет на првата вселенска мисија, роботот Фјодор доби ново име: Skybot F-850. Ова на својот фејсбук-профил го објави официјалниот претставник на „Роскосмос“ Владимир Устименко.

Роботот по име Фјодор ќе се упати кон Меѓународната вселенска станица на 22 август. Тој ќе пристигне таму со бродот Сојуз МС-14, кој ќе биде лансиран со помош на новата верзија на ракетата „Сојуз-2.1“ со руски систем за управување.

Рускиот систем за управување првпат беше користен на „Сојуз“. Пред тоа, бродовите со екипаж летаа со ракетите Сојуз-ФГ“ со украински систем. Притоа системот за спасување во случај на несреќа на ракетата останува аналоген. Пробното лансирање на бродот „Сојуз МС-14“ без екипаж ќе биде изведено заради проверка на компатибилноста на новата ракета и стариот систем за спасување за време на реален лет.

Прочитајте повеќе: Подготвен за лет на МКС и разговор со космонаутите: Вселенскиот робот Фјодор прозборе

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња