„Фјодор“ објави видеоснимка на „Твитер“ со следниот коментар: „Се вратив во градот Корољов заедно со капсулата на вселенскиот брод“.
На снимката се гледа како стручњаци на Ракетно-космичката корпорација „Енергија“ со помош на кран внимателно го извлекуваат роботот од капсулата на вселенскиот брод „Сојуз МС-14“.
Подоцна „Фјодор“ соопшти дека го спакувале во кутија.
„Сега сум во куфер. Чекам инструкции за понатамошна проверка на извршениот лет“, истакна тој.
Творци на антропоморфниот робот „Фјодор“ се Фондот за перспективни истражувања и научно-производствената корпорација „Андроиднаја техника“.
Рад встрече со специалистами нашей легендарной космической фирмы.
— FEDOR (@FEDOR37516789) September 10, 2019
Теперь я в кофре. Жду указаний по дальнейшим проверкам по итогам полёта. pic.twitter.com/vgOCFiwd60
„Сојуз МС-14“ со робот во пилотската кабина беше лансиран во орбитата на 22 август. По пет дена вселенскиот брод по вториот обид се спои со Меѓународната вселенска станица. „Сојуз“ се одвои од станицата на 6 септември и слета во Казахстан следниот ден.
Експериментот со роботот на Меѓународната вселенска станица го вршеа космонаутите Алексеј Овчинин и Александар Скворцов на 30 и 31 август, а исто така и на 1 септември. Планиран е уште еден лет на овој робот во новиот вселенски брод „Орел“, а исто така и неговото излегување во отворена вселена.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче