Што е познато за новиот систем на руската ПВО од типот С-500 „Прометеј“

Сергеј Малгавко /Sputnik
Станува збор за прв систем на светот кој ќе може да соборува ракети во Земјината орбита на височина до 100 километри.

Кон средината на следната деценија небото над Русија и нејзините сојузници ќе го заштитува најновиот систем за противвоздушна одбрана од типот С-500 „Прометеј“, опремен со хиперсонични ракети сместени во лансери што ги произведува концернот „Алмаз Антеј“.

За разлика од поголем дел нови производи на руската одбранбена индустрија, развојот на С-500 се врши во атмосфера на стриктна тајност. Главната причина за тоа е клучната улога што овој систем ќе ја има во идната одбрана на Русија.

Во 21 век руската армија се подготвува за одбрана на татковината на „нови височини“, односно во Земјината орбита. Противракетниот систем С-500 ќе може да ги соборува противничките ракети и авиони на работ на космосот, на височина од над 100 километри. Ниту еден постоечки одбранбен систем од денешнината не е во состојба да погодува вакви цели, а во овој милениум оружјата ќе бидат сместени на уште поголеми височини во Земјината орбита. Ракетниот обранбен систем С-500 ќе биде првиот на светот кој е способен за одбрана на државата од заканите од космосот.

Принцип на работа

Во склоп на развојот на новиот систем за противвоздушна одбрана се одвива и одделен развој на наведувачка ракета со ултрадалечен дострел под назив 40Н6. Нејзина главна одлика е способноста да погодува цели во космосот, и тоа благодарение на новиот систем за самонаведување во главата на проектилот. Благодарение на ова, ракетата ќе може самостојно да ги утврдува целите во космосот, да ги фати и да ги уништи. Претходно сите овие активности ги вршеа радарите поврзани со системот за ПВО. Сега дел од нивните активности, во случај на губење на комуникација со земјата, ќе можат да ги вршат самите ракети.

Притоа, радарските системи (истите радари) ќе продолжат да бидат испорачувани за С-500, но секој од нив ќе биде адаптиран за нови задачи. На пример, некои радари ќе имаат задача да пронаоѓаат авиони и хеликоптери, други ќе трагаат по крстосувачки ракети кои итаат кон целта, следејќи го релјефот на теренот, трети ќе се занимаваат со балистичките ракети кои паѓаат од големи височини, додека четврти ќе бидат специјализирани за барање цели во космосот.

Конструкторите експериментираат со разновидни боеви глави за 40Н6, но резултатите од нивните експерименти и понатаму не се обелоденуваат, нити се соопштува за кои цели ќе се користи некоја конкретна боева глава.
Самата ракета 40Н6 ќе може да долета до својата цел со хиперсонична брзина од 9 маха (околу 10.800 километри).

Според податоците од отворените извори, системот С-500 „Прометеј“ веќе денес е во состојба да уништува летачки објекти на оддалеченост до 500 километри, Колкав ќе биде финалниот дострел на радарската компонента на овој систем, како и ракетата што ќе ја носи во склоп на целиот комплекс и понатаму остануваат под превезот на тајноста. За споредба, радиусот на детекција на целите кај претходниот систем за ПВО С-400 “Триумф“ е максимум 600 километри.

С-400

По што се разликува овој систем за ПВО од другите

Главната разлика помеѓу С-500 и сите други странски аналози е неговата способност да гледа и да соборува цели во целосен круг околу себе. Паралелно со ова, неговиот најблизок конкурент, олицетворен во американскиот систем МИМ-104 „Патриот“, работи само во предетерминирана насока, под агол од 180 степени. Покрај тоа, за поставување на лансерите „Патриот“ и нивно префрлање во борбен режим е потребно околу половина час. Да се оддели толку време е едноставно неможно кога кон вас летаат ракети со брзина која надминува неколку илјади километри на час.

Конечно, максималниот дострел на американскиот систем е 200 километри, додека максималниот дострел на С-500 сега изнесува 500 километри.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња