Летечки хаубици: Воздушно-космичките сили на Русија изведоа уникатна транспортна операција

Министерство за одбрана на Русиjа/Global Look Press
На маневрите на руската војска „Центар-2019” хеликоптери Ми-8АМТШ „Терминатор” префрлија на огнена линија батерија хаубици Д-30. Орудието е префрлено со помош на надворешен носач и спуштено на огнените позиции.

„Префрлувањето на артилериско орудие со помош на надворешен носач на хеликоптер Ми-8 беше реализирано за прв пат. Тоа  овозможи артилериските единици во најкраток рок да се распоредат во различни правци. На овој начин се зголемува мобилноста на артилеријата, на пример, во планинските области со неразвиена сообраќајна инфраструктура. А неочекуваното појавување на моќна артилерија во реонот на борбените дејствија значително ги зголемува можностите на нашите единици“, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Оваа уникатна транспортна операција беше реализирана на полигонот Донгуз кај Оренбург. На истото место друга ескадрила „Терминатори” на надворешен носач префрли товарни возила УАЗ.

Дострелот на влечната хаубица Д-30 калибар 122 милиметри 15 километри. Тоа ѝ овозможува да ги гаѓа непријателските единици кои ја напаѓаат предната линија на одбраната, како и најблиските непријателски резервни единици при нивното излегување на позициите и распоредувањето.

Прочитајте повеќе: Топ 3 најдобри руски артилериски орудија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња