Најистурените единици на руската армија опремени со најновите хаубици со зголемена брзина на гаѓање

Виталиј В. Кузмин
На артилериските единици на оваа дивизија им е испорачан комплет од преку 20 самоодни хаубици „Мста-СМ2“ кои претставуваат длабоко модернизирана верзија на хаубицата 2С19 „Мста-С“. Таа особено ќе се карактеризира со значителното зголемување на брзината на стрелба во однос на своите претходници.

Артилериските состави на 3 гардиска механизирана пешадиска дивизија „Висла“, која со својот штаб се наоѓа во Воронешката област, се опремени со најмодерната верзија на самоодната хаубица „Мста-СМ2“. Модернизираните самоодни хаубици се разликуваат од своите претходници во поглед на побрзото темпо на стрелба која изнесува 10 гранати во минута.

Зголемената огнена моќ е остварена благодарение на усовршената конструкција на механизмот за полнење на хаубицата со калибар 152,4 мм. Оваа дивизија доби повеќе од 20 длабоко модернизирани самоодни хаубици од овој тип.

„Екипажите на самоодните хаубици го поминаа теоретскиот блок на наставата која се однесува на обуката на новото артилериско средство Возачите се запознаа со основните елементи на самоодната хаубица и се наоѓаат во подготвителната фаза која наскоро ќе резултира со практично увежбување за управување со ова средство на тенковските полигони“, соопштува информативната служба на Западниот воен округ.

Самоодната хаубица „Мста-С2“ 2С19М2 (кодно име „Дилемма“) претставува длабоко модернизирана верзија на хаубицата 2С19 „Мста-С“. Нејзината вкупна маса изнесува 43,2 тони, а нејзиниот калибар е 152,4 мм. Цевката на хаубицата е со должина од 47 калибри. Максималната далечина на гаѓањето зависи од видот на проектилот, но со стандардната муниција се движи во опсег од 25-29 км. Може да истрелува и паметен проектил „Краснопол“ на далечини до 20 км. Борбената каденца на хаубицата изнесува до 10 гранати во минута. Во борбениот комплет има 50 гранати со кал. 152 мм. Погонскиот агрегат, со сила од 800 КС, овозможува максимална брзина од 60 км/ч. Со полн резервоар може да совлада дистанца од околу 600 км.

Во нејзиниот состав се наоѓа и комплексот „Накидка“ (прев. Плашт) кој во голема мера го намалува радарското, оптичкото и топлотното зрачење на орудието што е исклучително важно за заштита од непријателското противдејство, односно контрабатирање.

Прочитајте повеќе: Далекуметно и прецизно: Артилериските единици во 2019 година ќе добијат „убиствена“ техника

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња