Руското Министерство за одбрана на својот канал на „Јутјуб“ објави снимка од тестирање на оперативно-тактичкиот ракетен систем „Искандер” во рамките на вежбите на Источниот воен округ.
На снимката може да се види распоредувањето на „Искандер” и неговото заземање на огнена позиција, поставување на ракетата во вертикална позиција и лансирањето.
Оперативно-тактичкиот ракетен систем „Искандер” е наменет за уништување на системите за противвоздушна и противракетна одбрана на противникот. Во состојба е да гаѓа послабо забележливи цели како што се ракетни системи и далекуметна артилерија, како и авиони и хеликоптери на аеродроми.
„Искандер” е проектиран од Конструкциското биро за машиноградба во Коломна. Првпат е претставен 1999 година на аерокосмичкиот салон МАКС.
Командантот на Копнената војска на Русија генерал-полковник Олег Саљуков смета дека другите земји нема да можат да направат систем кој би бил пандан на „Искандер” пред 2025 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче