Компанијата која го разви „Искандер-М“ работи на нов ракетен систем

Рамиљ Ситдиков/Sputnik
Руските конструктори работат на развој на нов ракетен систем кој според своите тактичко-технички способности ќе го надмине „Искандер-М“.

Компанијата „Конструкторско биро за машиноградба“ (Конструкторское бюро машиностроения, КБМ) која се наоѓа во состав на холдингот „НПО Високопрецизни комплекси“ (НПО Высокоточные комплексы) работи на развој на нов систем со цел зголемување на борбените способности на руската армија, истакнува информативната служба на компанијата.

Како што е објавено на сајтот на компанијата, комплексот за управување кој ќе биде составен дел од перспективниот систем кој веќе го развива „КБМ“ е претставен на воено-иновацискиот технополис ЕРА во градот Анапа. Дополнителни информации за овој проект засега сѐ уште нема.

Треба да се напомене дека компанијата КБМ го разви оперативно-тактичкиот ракетен систем од класата „земја-земја“ „Искандер-М“ кој благодарение на своите исклучителни тактично-технички карактеристики претставува веројатно најдобро орудие од ваков тип на светот. Неговата ракета е способна со незначајно отклонување да погоди непријателски цели на далечина до 500 км. Во својот арсенал поседува два типа ракети – аеробалистичка и крстосувачка.

Во основа, системот е наменет за напад врз поголеми концентрации на непријателот во чиј состав се наоѓаат повеќецевни ракетни фрлачи, средства за противвоздушна и противракетна одбрана. Системот е многу употреблив за ракетирање на важни објекти како аеродроми, командни места и инфраструктурни јазли кои се наоѓаат во позадината на фронтот.

Погледнете го видеото: Лансирана новата подобрена ракета „Искандер-М“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња