Руски пробен пилот на ловец Су-57 го коментира новото борбено летало (ВИДЕО)

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Рускиот пробен пилот Сергеј Богдан го сподели своите впечатоци откако пилотираше со авионот од петтата генерација Су-57 и откри некои од неговите карактеристики.

„Овој авион многу добро се контролира при изведувањето штопор (сложена маневарска фигура), се врти многу брзо, застанува многу брзо, што зборува за врвни перформанси на стабилност и контрола“, изјави Богдан за ТВ-каналот „Ѕвезда“.

Според него, Су-57 е многу сличен на рускиот ловец Су-35 од генерацијата 4++, додека во борба на суперсонични брзини му нема рамен.

„Авионот има исклучителни способности за забрзување и се движи во стратосферски услови со голема брзина. Исто така неверојатна е и динамиката на забрзување до суперсонична брзина на ниски висини“, пренесува интернет-порталот „Взгљад“.

Су-57 е руски повеќенаменски борбен авион од петтата генерација што го имаат развиени воздухопловните инженери на ОКБ „Сухој“. Тој е наменет за извршување огромен спектар задачи што можат да се постават пред една воздухопловна борбена платформа, како што е остварување на апсолутна воздушна превласт над територијата на која се изведуваат кривни борбени дејствија, уништување на најразлични копнени цели и површински бродови кои се зајакнати со современи противвоздушни борбени средства, операции за извидување и за надзор на воздушниот простор на голема оддалеченост, уништување на командна инфраструктура на непријателот итн.