Во објавата на оваа компанија на Твитер се истакнува дека турската армија делумно веќе го распоредила ракетно-зенитниот систем С-400. Радарите се веќе поставени и подготвени, иако лансерите сѐ уште не се наполнети.
Веројатно турската војска се подготвува да ги тестира системите С-400 пред да ги распореди секаде каде што планирала, истакнуваат стручњаците.
Претходно САД бараа Турција да се откаже од купувањето на С-400 и наместо тоа да ги купи американските системи „Патриот“. Анкара го одби тоа барање, по што Американците соопштија дека Турција веќе не учествува во програмата Ф-35.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го карактеризира С-400 како најмоќниот одбранбен систем на светот.
Претходно шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу изјави дека Турција е подготвена да купи дополнителен контингент С-400 од Русија, доколку САД не ѝ продадат системи „Патриот“.