ГАЗ го претстави модернизираниот теренец „Собољ“ со полн погон

Теренецот „Собол (во центар).

Теренецот „Собол (во центар).

Официјален сајт на Групацијата ГАЗ
Засега не е познато кога ќе започне сериското производство на изложениот прототип, ниту колку ќе чини.

На изложбата Comtrans 2019 што се одржува во Москва, руската Фабрика за производство на автомобили од Нижни Новгород „ГАЗ“, покрај возилото „Газељ NN “ и минибусот „Газељ Next“, ја претстави и модернизирана верзија на теренецот „Собољ “ со погон на сите четири тркала.

Обновениот теренец го доби предниот дел од новото возило „Газељ НН“, додека каросеријата ја наследи од моделот „Собољ Бизнис“ со низа измени и модернизации. 

Внатрешноста на автомобилот е опремена со Next инструмент-табла, седишта преземени од „Газељ Next“ со оригинален тапацир, џојстик за управување со петстепениот пренос. „Газовскиот“ менувач има можност за пренос на 330 Nm вртежен момент, пишува „РГ“, истакнувајќи дека целокупните применетите технички иновации придонесуваат за зголемено ниво на удобност на теренецот, намалување на бучавата и вибрациите.

Засега е непознато кога ќе започне сериското производство ниту колку обновениот теренец „Собољ 4х4“ ќе биде поскап од својот претходник. На автомобилот сè уште се работи, а презентираниот примерок е прототип. Изложувајќи го концептуалното возило, инженерите на ГАЗ сакаат да го „опипаат“ интересот на публиката, за подоцна да можат да се одлучат за одредени компоненти што ќе се вградуваат во сериски произведените примероци.

Возилото може да биде опремено со рускиот „атмосферски“ мотор УМЗ Evotech или кинескиот турбодизел Huadong (Cummins).

Прочитајте повеќе: Презентирано амфибиското теренско возило ГАЗ „Собољ”

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња