Групацијата ГАЗ подготвена за производство на електричен „Газељ Next“

ГАЗ
На сајтот на „Росстандарт“ се појави одобрението за новиот тип на возила, издадено за електрична модификација на фургонот „Газељ Next“.

Според пишувањето на медиумите на сајтот се појави информација за две нови верзии на електричните фургони (комбија) на електричен погон кои се разликуваат само по бројот на патници, односно по кабините со три или пет седишта. Масата на првото возило е 3177 килограми, а носивоста 1023 кг, додека во вториот случај комбето со тежина од 3030 кг може да понесе 1170 килограми корисен товар.

Под хаубата на „Газељ Next електро“ ќе биде вграден електричен мотор марка „Сименс“, со 86 коњски сили (63 kW). Во својство на акумулатор ќе се користат литиумско-јонски батерии од руски производител, а во зависност од нивниот капацитет ќе биде можно да се поминат 100 или 150 километри до следното полнење.

Издадената дозвола значи дека овој модел може слободно да се продава во сите земји на Царинската унија, во чиј состав освен Русија влегуваат Белорусија, Казахстан, Киргизија и Ерменија. Цената на електричната модификација на фургонот ќе биде околу 6,5 милиони рубли (околу 92850 евра). 

„Групацијата ГАЗ” го најави производството на 2 нови модели „ГАЗон Next“ и „ГАЗељ Next“  на почетокот на декември.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња