Легендарната Горковска фабрика за автомобили од Нижни новгорот ја претстави новата верзија на лесното комерцијално возило „ГАЗељ Next CNG“, опремена со модернизираниот мотор EvoTech 3.0 кој работи на бензин и метан. И додека претходно под хаубата на возилото „ГАЗељ Next“ се наоѓаше моторот EvoTech 2.7, новиот агрегат со поголем капацитет има зголемени перформанси и располага со сила до 120 КС при возењето на гас, а кога оди на бензин и до 109 КС. Во првиот случај моментот на вртежи изнесува 252 Нм, а во вториот до 225 Нм.
Новите верзии на „ГАЗељ Next CNG“ се опремени со четири плински шишиња чија запремнина зависи од конфигурацијата на комбито, со што автономијата на возење на метан изнесува 300 километри, а доколку се приклучи на бензински мотор може да се поминат 750 километри до наредното полнење.
Можноста за користење на гас кај автомобилите од сегментот на лесните комерцијални возила доведува до заштеда до 40 отсто во однос на варијантите со чисто бензински или чисто дизел мотор. Треба да се обрне внимание и на блокот цилиндри од леано железо кој во моторите EvoTech 3.0 е вграден наместо поранешните алуминиумски. На тој начин е зголемена стабилноста на агрегатот на високи температури.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче