„ГАЗон Next“ и „ГАЗељ Next“: „Групацијата ГАЗ” почна со производство на 2 нови модели

ГАЗ
Горковскиот автомобилски завод почна со производство на 2 нови модели: камионот со средна носивост „ГАЗон Next” (со вкупна маса на возилото и товар до 10 тони) и лесното комерцијално возило „ГАЗељ Next” (со вкупна маса до 4,6 тони).

Со новите модификации на своите популарни комерцијални возила произведувачот планира да се прошири на нов сегмент на рускиот пазар кој досега го покриваа само странските производители.

Новиот „ГАЗон Next 10” има носивост од 5,9 тони. Врз база на него ќе биде изработена и линија специјализирана техника за комуналните и сообраќајните служби. Освен тоа, возилото има нови преден систем за потпирање, зголемена ширина на трагот на предните тркала и продолжено меѓуосовинско растојание.

Лесното комерцијално возило „ГАЗељ Next 4,6” може да превезува до 2,6 тони. Инженери врз база на него во иднина ќе проектираат широка лепеза фургони, камиони и миниавтобуси. Освен зголемената носивост, возилото има 10 сантиметри поширока товарна платформа и страници од челичен лимен профил.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња