„Садко Next“: ГАЗ го претстави новиот камион-теренец

ГАЗ

Новото возило на ГАЗ е претставено на меѓународниот саем во Хановер.

Покрај товарниот теренец, на саемот беа претставени и автомобилот ГАЗел Next, автобусот Вектор Next, како и новиот мотор ЈАМЗ-530. Самиот теренски „Садко“ е камион со големи потенцијали. Неговиот товарен капацитет изнесува три тони, а по својата способност за движење по разновидни терени може да се натпреварува со класичните теренци.

Во споредба со својот претходник, новиот Садко Next поседува значително унапредена ергономија на кабината, особено кај седиштето на возачот. Сега е можно да се намести полн гас или да се намали брзината со едноставно притискање на копчето. Возилото според потребите може да се опреми и со ротирачка сајла, дополнителен резервоар за гориво и сноркел.

Садко Next во поблиската иднина ќе се појави на странските пазари, а потоа и на рускиот.

Прочитајте повеќе: „ГАЗ” претстави електрични минибуси со автопилот

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња