Руските конструктори овладеаја со технологија која ќе му овозможи на хеликоптерот да лета 600 км/час

Ка-52 „Алигатор“

Ка-52 „Алигатор“

Виталиј Тимкив/Sputnik
Компанијата „Камов“ патентираше технологија што ќе им овозможи на борбените хеликоптери да достигнат брзина од 600 км/ч. Ова за новинарите на Меѓународниот аерокосмички саем МАКС-2019 го изјави Сергеј Михеев, генералниот конструктор на оваа компанија.

Како што рече рускиот конструктор, перспективните конкуренти што ги произведуваат американските компании „Боинг“ и „Сикорски“ сè уште не достигнале такви летечко-технички показатели. Нивните максимални резултати се движат во опсег од 480-550 км/час, пренесува интернет-порталот РИА „Новости“.

Руското Министерство за одбрана при изборот на дизајнот што ќе го краси супербрзиот хеликоптер го одбра решението претставено од конструкторското биро „Мил“. Тогаш на договорниот орган му беа предложени 10 различни концепти.

Заменик-генералниот директор на холдингот „Хеликоптери на Русија“ притоа изјави дека леталото ќе биде направено до 2027 година.

Во февруари 2018 година Министерството за одбрана на РФ ги објави плановите за конструирање хеликоптер со голема брзина, чија просечна брзина на крстосување ќе биде во опсег од 350-400 км/ч. Во ноември истата година проектот беше прифатен од Министерството за одбрана на РФ.

Прочитајте повеќе: Кога ќе пристигне супербрзиот хеликоптер во руската војска?

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња