Кога ќе пристигне супербрзиот хеликоптер во руската војска?

Global Look Press
Руската војска планира во составот на вооружувањето да вклучи супербрз хеликоптер кој може да достигне брзина од 400 километри на час, изјави заменик-министерот за одбрана на Русија Јуриј Борисов.

„Во планот на Министерството за одбрана во рамките на тековната државна програма за вооружување (2018-2027) е предвиден проект за брз хеликоптер. Без сомнение, војската секогаш сака поголема брзина. Би ни одговарало доколку би постигнеле брзина од 350-400 километри на час. Конструкторите тврдат дека во моментов располагаат со технички решенија за реализација на оваа задача“, изјави Борисов за новинарите по советувањето во Арсеневската авиокомпанија „Прогрес” во Приморскиот крај. 

Тој истакна дека авиоиндустријата е подготвена да го произведе овој хеликоптер за најмалку 5-7 година. Борисов претходно зборуваше за плановите брзиот хеликоптер да полета до 2025 година.

Во ноември 2017 година генералниот директор на „Хеликоптери на Русија“ Андреј Богински соопшти дека во 2018 година компанијата ќе му претстави на Министерството за одбрана два концепта на напреден брз хеликоптер.

„На овој проект работат две конструкторски бироа, а потоа нарачателот ќе го одбере поуспешното решение“, рече Богински.

Претходно беше објавено дека „Хеликоптери на Русија” со Министерството за одбрана на Русија потпишале договор за изработка на концепт на брз борбен хеликоптер.

Прочитајте повеќе: Русија го развива најбрзиот борбен хеликоптер на светот

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња