Руската армија сака нечуен и невидлив ударен хеликоптер кој ќе лета 400 км/час

Слободан Ѓукиќ
Како што пренесува добро информиран извор од воено-индустрискиот комплекс, за потребите на руската армија се работи на концепција за развој на нов ударен хеликоптер кој ќе се одликува со ниско ниво на бучавост при летањето и безначајно ниво на топлотна рефлексија. Тоа ќе обезбеди „невидливост“ на леталото кога се во прашање топлотни пеленгатори, како и инфрацрвени самонаведувани боеви глави кои се наоѓаат на ракетите „земја-воздух“ и „воздух-воздух“.

Според зборовите на овој извор, во првата етапа на развој на перспективното ударно летало за потребите на руската армија, ќе се разгледа концепцијата која ќе ја движи хибридсн погон, кој пак ќе се состои од мотор со внатрешно согорување и електромотор, пренесува интернет-порталот ТАСС.

Во воено-индустрискиот комплекс сметаат дека благодарение на специфичните предности на употребата на електромотор ќе се намалат бучавоста и температурата на леталото при работа. Ова ќе обезбеди „невидливост за топлотните пеленгатори и самонаведуваните боеви глави на ракетите“. Покрај тоа, овие хеликоптери ќе бидат независни кога е во прашање снабдувањето со гориво.

Изворот додава дека неопходната електрична енергија може да се добие од било кој друг вид гориво, што му дава предност во крупни воени операции во иднина, при што може да дојде до колапс на енергетската инфраструктура за снабдување со гориво, пренесува интернет-порталот „Взгљад“.

Во овој момент руската армија не употребува летала кои се исклучиво опремени со електромотори или хибридни мотори кои покрај мотори со внатрешно согорување имаат и електромотор. Според оцените на воените експерти, борбените хеликоптери со хибридни мотори можат да влезат во масовна оперативна употреба „во наредните 10-15 години“.

Во април оваа година беше објавена информација за новиот проект на воздухопловните инженери на АД „Камов“ дека изработиле скица на тнр. синхрокоптер, поточно на перспективен хеликоптер со голема брзина на летање со два ротора кои се конструирани така што нивните лопатки меѓусебно се преклопуваат додека ротираат во синхронизиран работен циклус.

Неодамна руското Министерство за одбрана најави проект за создавање на супербрз хеликоптера чија крстосувачка брзина на летање нема да биде под 350-400 км/час. Кон крајот на минатата година се појави и видео демонстрација на овој концепт.

Прочитајте повеќе: Императив - брзината: Во Русија се развива синхрокоптер кој ќе лета со повеќе од 400 км/час

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња