Русија го развива најбрзиот борбен хеликоптер на светот

Игор Двуреков
Леталото ќе може да лета со брзина до 500 км/ч, а ќе биде вооружено до заби со најновите ракети „Атака“.

Во овој момент проектот носи наслов „летечка лабораторија“, а наскоро ќе биде создаден најбрзиот борбен хеликоптер на светот. Хеликоптерот ќе биде базиран врз рускиот Ми-24, големиот јуришен хеликоптер кој може да превезе осум патници.

„Тоа е експериментален проект чии први резултати ќе се видат дури за неколку години. Главната цел е подобрување на летачките капацитети на борбената машина, опсегот на задачи во кој може да му се спротивстави на непријателот, препознавање и уништување на цели, како и способноста за летање во лоши временски услови“, изјави за Russia Beyond Вадим Козулин, професор на Академијата за воени науки.

Според зборовите на Олег Чесноков, началник на борбената обука на воената авијација на Воздушно-космичките сили, производителите на оружје развиваат нова генерација системи за надзор и нишанење, а создаваат и нови наведувани проектили со голем дострел.

Претходниот модел на хеликоптер веќе достигна 405 км/ч во текот на испитувањата, во најголема мера благодарение на новиот композитен материјал на лопатките.

„Главната цел е 500 км/ч да биде нормална и стабилна брзина на крстосување за новиот хеликоптер вооружен со оружје и ракети додека е покриен со оклоп“, изјави Козулин, кој додаде дека создавањето на таква воена машина не е брзо решлива задача.

Зошто Русија сака толку брз хеликоптер?

Повеќето хеликоптери кои се користат во борба може да лета со брзина од 300 км/ч, но во последно време постои тенденција тие да бидат што е можно побрзи.

„Хеликоптерите се многу погоден вид на транспорт, како и респектабилно борбен. Тие не бараат воздушни пристаништа за полетување и слетување и можат да префрлат трупи во борбена зона во многу краток рок. Денес е цел овие работи да станат што е можно побрзи  поефикасни“, констатира Козулин.

Европејците веќе демонстрираа прототип со голема брзина наречен Eurocopter X3 Hybrid. И американските инженери работат на тоа и во иднина го ветуваат S-97 Raider.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња