МАКС-2019: Претставена летечката верзија на луксузната лимузина Aurus

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Новиот хеликоптер од лукс-класата, кај кој ентериерот е во стилот на лимузината Aurus, е направен врз база на хеликоптерот „Ансат“. Овој хеликоптер ќе може да го видат сите заинтересирани посетители на Меѓународниот авиокосмички саем МАКС-2019, соопшти информативната служба на холдингот „Хеликоптери на Русија“ (Ростех).

Луксузното летало го направија специјалистите на холдингот „Хеликоптери на Русија“ во соработка со компанијата НАМИ, која произведува луксузни лимузини. Ова летало е наменето за корпоративен и ВИП-транспорт.

Како што пренесуваат руските медиуми, холдингот „Хеликоптери на Русија“ започнале со дизајнирање и работа над ентериерот во април 2019 година. Ова го изјави првиот човек на холдингот Андреј Богински, пренесува интернет-порталот „Взгљад“.

„Убеден сум дека хеликоптерот„ Ансат“ е одличен избор во линијата производи Aurus и дека по завршувањето на сите неопходни тестирања ќе пристигне понуда за комплетирање на уште една машина“, ги пренесува интернет-порталот ТАСС зборовите на првиот човек на холдингот „Хеликоптери на Русија“.

Според Анатолиј Сердјуков, директор на производство на воздухопловниот кластер на државната корпорација „Ростех“, хеликоптерот „Ансат“ со луксузна опрема Aurus  ќе има високо ниво на комфор, исто како и лимузината.

Луксузниот „Ансат“ може да превезува најмногу пет патници, што му го овозможува најголемата транспортна кабина во својата класа. За декорирање на внатрешната ќе се користат материјали како кожа и квалитетно обработен алуминиум. Ентериерот на кабината на пилотите ќе одговара на шемата на боите во лукс-кабината за патниците, во која ќе доминираат висококвалитетни материјали со природна кожа.

Луксузниот хеликоптер „Ансат-Aurus“ има систем за заштита од светла со сензорна контрола. За секој патник е обезбеден и индивидуален систем за осветлување и уред за климатизација, што овозможува дополнителен комфор при возењето. Покрај тоа, хеликоптерот има USB конектори кои обезбедуваат непречено функционирање на персонални електронски уреди.

Прочитајте повеќе: Тестиран новиот руски хеликоптер „Ансат“ со систем за принудно слетување