Тестиран новиот руски хеликоптер „Ансат“ со систем за принудно слетување

Хеликоптери на Русија

Испитувањата на новиот хеликоптер „Ансат“ со систем за принудно слетување за завршени, соопшти прес-службата на „Хеликоптери на Русија“ (дел од „Ростех“).

„Специјалистите на казањската фабрика за хеликоптери ги завршија испитувањата на „Ансат“ со систем за принудно слетување... Сега овој систем е во фаза на сертификација. По завршувањето на оваа работа, „Росавијација“ ќе добие одобрение за главните измени“, се наведува во соопштението.

Системот е дизајниран за принудно слетување на вода и служи за спасување на екипажот и патниците. Се состои од лебдечки комори на надувување (како балони), два спасувачки чамци и комплет за преживување во вонредни ситуации кој, меѓу другото, содржи радио емитер за наведување на тимовите за спасување.

Во случај на принудно слетување на вода, системот обезбедува лебдење на хеликоптерот до 30 минути. Ова време е доволно за користење на спасувачката опрема што се содржи во системот, односно за безбедно напуштање на хеликоптерот.

„Продолжуваме со работата за унапредување на безбедноста на летањето на „Ансат“, бидејќи тој активно се користи за транспорт на патници и пациенти на кои им е потребна итна медицинска нега. Освен тоа, хеликоптерите опремени со системот за принудно слетување ќе можат да летаат до нафтени платформи на големи растојанија од брегот, како и да учествуваат во спасувачки операции над водни површини. Во комбинација со значителните летечки перформанси, ова дополнително ќе ја зголеми атрактивноста на „Ансат“ кај нафтените компании и службите за спасување“, изјави генералниот директор на „Хеликоптери на Русија“ Андреј Богински.

„Ансат“ е лесен двомоторен повеќенаменски хеликоптер чие сериско производство се врши во фабриката во Казањ. Неговиот дизајн ја олеснува брзата трансформација во товарно или патничко летало со можност за прифаќање до 7 лица. „Ансат“ е сертифициран за употреба на температури кои варираат од минус 45 до плус 50 степени Целзиусови.

Прочитајте повеќе: Русија го претстави во Кина најновиот хеликоптерски мотор ВК-2500ПС-03

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња