Руските конструктори работат на проект на хеликоптер со повеќе пропелери, пренесуваат медиумите повикувајќи се на извор од воздухопловната индустрија.
Како што се наведува, хеликоптерот ќе биде опремен со хибриден мотор, кој претставува синтеза на традиционалниот мотор за воздухоплови и електромотор. Со хибридниот мотор може да се очекува зголемување на ефикасноста на системот на леталото и намалување на полетната маса. Притоа ќе се зголеми и должината на летот, а ваквиот мотор е и помалку штетен за животната средина.
Во Советскиот Сојуз инаку беа правени прототипови на хеликоптер со повеќе ротори, но се покажаа како премногу сложени и гломазни. Инаку, беше планирано да се работи на зголемувањето на носивоста и брзината. Претходно беше пишувано за создавање на прототип на најтешкиот хеликоптер на светот Ми-26Т2В. Ќе може да се види на воено-техничкиот форум „Армија 2018“, кој ќе се одржи од 21 до 26 август во Подмосковје, пишува „Росијскаја газета“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче