Издржува отворен пламен: Пилотите на ударните хеликоптери добија нови огноотпорни комбинезони

Пресс-служба на ЗВО
Екипажите на борбените хеликоптери „Терминатор“ и „Ноќен ловец“ кои се наоѓаат во рамките на воздухопловните единици на Ленинградската армија за ВВС и ПВО ќе бидат опремени со современи огноотпорни комбинезони од нова генерација.

Ова го соопшти информативната служба на Западниот воен округ. Комбинезоните ќе ги добијат и пилотите кои летаат со борбените авиони Су-35 и МиГ-31БМ. Тие ќе им помогнат да преживеат во екстремни услови на експлоатација која може да биде опасна по живот. Имено, материјалот од кој е направен комбинезонот може да издржи отворен пламен во траење од две минути во ограничен/тесен простор. Покрај тоа, комбинезонот ќе биде во зелена маскирна боја, за разлика од сегашната пилотска униформа која е сина. Овој вид камуфлажа ќе му обезбеди пилотот да биде потежок за забележување на теренот.

Интернет-порталот РГ веќе пишуваше за новите типови огноотпорни комбинезони кои се направени со помош на нова технологија која користи специјални импрегнирани платна. Комплетот сам по себе содржи голем број џебови, вклучително и специјална влошка за специјалниот нож-стропорез што го користат пилотите и припадниците на воздушно-десантните единици. Во комбинезонот може да се чуваат важни документи, бидејќи се работи за водоотпорна и ветроотпорна ткаенина.

Во составот на Ленинградската армија на ВВС и ПВО се наоѓаат нови борбени авиони Су-27, Су-30СМ, Су-34, Су-35, МиГ-31, како и хеликоптери Ми-8АМТС „Терминатор“ и Ми-28 „Ноќен ловец“.

Прочитајте повеќе: Во случај на неволја руските пилоти ќе се бранат со оружје со необичен дизајн

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња