Руските пилоти и космонаути ќе ги научат на „течно подводно дишење“

Министерство за одбрана на РФ/Global Look Press

Пилотите и космонаутите ќе научат да користат специјален апарат со течност која овозможува дишење под вода и не содржи азот, што ќе им овозможи полесно да ја поднесуваат наглата промена на притисокот.  

Лабораторијата во рамките на Фондот за перспективни истражувања работи над новата технологија од 2016 година, а течното дишење пред сѐ треба да им помогне на членовите на подморничките екипажи во случај на тонење на подморницата. Претходно рускиот вицепремиер Дмитриј Рогозин кон крајот на 2017 година му ја претстави на српскиот претседател Александар Вучиќ таа најнова руска технологија тогаш испробана на едно куче. Животното сместено во резервоар со специјална течност по неколку минути се навикна на новата средина и почна нормално да дише.

Течното дишење ќе им помогне не само на морнарите, туку и на пилотите и космонаутите кои работат во услови на низок или висок притисок, велат од Фондот за перспективни истражувања.

Тестирањето сѐ уште се врши на животни, но во најскора иднина под вода ќе почнат да дишат и луѓе.

Прочитајте повеќе: Кучињата дишат под вода

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња