Во случај на неволја руските пилоти ќе се бранат со оружје со необичен дизајн

Автомат ПП-2000

Автомат ПП-2000

Wikipedia
Министерството за одбрана на РФ планира во преносниот пилотски комплет за итни случаи да го вклучи компактниот автомат ПП-2000 наместо скратената верзија на автоматската пушка АКСУ-74У, изјави извор од руската воена индустрија.

„Во овој момент се разгледува можноста за опремување на пилотските екипажи со компактниот автомат ПП-2000, кој во тој случај би ја заменил скратената верзија на автоматската пушка АКСУ-74У. Министерството за одбрана го зеде овој предлог на разгледување “, ги пренесува интернет-порталот ТАСС зборовите на неименуван извор од руската воена индустрија.

Во овој момент преносниот комплет за итни случаи на пилотот се состои од оброци, вода, мини-аптека и средства за комуникација. Од огнено оружје ја има скратената автоматска пушка АКСУ-74У со комплет муниција, вклучувајќи рачни гранати. При поаѓање на борбена мисија, пилотот носи пиштол „Макаров“ или „Стечинн“ со дополнителни рамки со муниција во својот елек, пренесува интернет-порталот „Взгљад“.

ПП-2000 е руски автомат кој користи муниција со калибар 9х19 мм, вклучувајќи го и панцирен куршум 7Н21. Се карактеризира со футуристички дизајн кој е многу квалитетно ергономски решен и на кој може да се инсталира голем број тактички додатоци. Тој е многу ефикасен во борба на блиско растојание. Се полни со рамки со капацитет од 20 и 44 куршуми. Максималната брзина му е 800 куршуми во минута. Ефективниот дострел на оружјето е до 100 метри. Масата на наполнетиот автомат со рамка со капацитет од 20 куршуми, вклучувајќи ги и тактичките додатоци е до 1,7 кг.

Се наоѓа во вооружување на специјалните единици на Росгвардија, а е реализирана и извозна зделка со Ерменија, која со овој автомат ја опреми својата Служба за национална безбедност.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња