Во состав на Воздушно-космичките сили на Русија во перспектива и жени воени пилоти

Виталиј Тимкив/Sputnik

Одлуката за упис на првите жени воени пилоти во Русија на Високата воздухопловна школа во Краснодар ја донесе пред две години министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

Заменикот-командант на Воздушно-космичките сили на Руската Федерација генерал-лајтнант Андреј Јудин изјави дека жените кои се обучуваат за воени пилоти во перспектива можат да претендираат на служба во кој било вид авијација.

За да се случи тоа, меѓу другото и во ловечката авијација, како што наведе тој, потребно е кадетките да ги исполнуваат условите што се поставени пред пилотите. Доколку се талентирани, ваквата можност ќе биде разгледана, додаде тој.

Во текот на обуката ќе видиме за што е способна секоја девојка со цел да ги упатиме онаму кадешто на најдобар начин можат да ги исполнат своите потенцијали. Ќе видиме ако девојката е талентирана, ако се покаже дека може да лета на човечки авиони, ќе ја рагледаме и таа можност, рече генералот, а пренесоа руските медиуми.

Според него, конечната одлука ќе биде донесена по специјалните тестирања кои подразбираат и проверка на психолошките и на когнитивните способности. Тестирањата се спроведуваат на приемните испити и во текот на обуката. Инаку, во испитната комисија на приемниот испит, меѓу другите, е и првата жена во космосот Валентина Терешкова. Од над 200 кандидатки примени се само 16, а тие подоцна засадија симболична алеја од 16 стебка и положија „временска капсула“.

Краснодарската висока воздухопловна воена школа, врз основа на одлуката на министерот за одбрана на Руската Федерација Сергеј Шојгу, во 2017 година ги запиша првите кадетки на обука за пилото. Како што своевремено истакна и самиот министер, на ваква одлука го навел огромниот интерес и големиот број писма што потенцијалните ученички ги упатувале до оваа установа. На споменатата воена школа засега студира 31 девојка во две класи. Првите скокови со падобран тие ги иззведоа пред два дена. Наесен ќе се запише третата генерација жени воени пилоти. Во овој момент жените воени пилоти во Русија можат да служат само во транспортната авијација.

Погледнете го видеото: „Руска Валкира“: Запознајте го акробатскиот пилот Светлана Капанина

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња