Како што пренесува агенцијата ABNews, Марусја ќе биде индикатор за бестежинска состојба на вселенскиот брод „Сојуз МС-14”, со кој на Меѓународната вселенска станица ќе биде упатен роботот Фјодор.
Во пресрет на првата вселенска мисија, роботот Фјодор доби ново име: Skybot F-850. Ова на својот фејсбук-профил го објави официјалниот претставник на „Роскосмос“ Владимир Устименко.
Роботот по име Фјодор ќе се упати кон Меѓународната вселенска станица на 22 август. Тој ќе пристигне таму со бродот Сојуз МС-14, кој ќе биде лансиран со помош на новата верзија на ракетата „Сојуз-2.1“ со руски систем за управување.
Рускиот систем за управување првпат беше користен на „Сојуз“. Пред тоа, бродовите со екипаж летаа со ракетите Сојуз-ФГ“ со украински систем. Притоа системот за спасување во случај на несреќа на ракетата останува аналоген. Пробното лансирање на бродот „Сојуз МС-14“ без екипаж ќе биде изведено заради проверка на компатибилноста на новата ракета и стариот систем за спасување за време на реален лет.