„Можеби би продолжиле да користиме делови од странско производство, но штом наши одделни партнери, од кои купувавме мотори, видоа дека роботот „Фјодор“ научил да пука, одбија и понатаму да ни испорачуваат делови“, рече тој.
На руската корпорација не ѝ преостанало ништо други, вели Дудоров, освен да конструира сопствени мотори кои можат да се користат во роботиката.
„Сѐ што е поврзано со редукторите, сензорите, моторите, камерите и компјутерите – буквално до минатата година за сето тоа користевме странски производи, а сега постепено преминуваме на сопствени проекти“, истакна тој.
„Фјодор“ (FEDOR – Final Experimental Demonstration Object Research) е првиот антропоморфен робот од руско производство. Го направи Фондот за перспективни истражувања заедно со Научно-производствената корпорација „Андроидна техника“ по нарачка на Министерството за вонредни состојби на РФ. Планирано е 2021 година „Фјодор“ да биде испратен во вселената во новиот руски вселенски брод „Федерација“.
Ова е првиот робот во светот кој може да направи шпага и да пука истовремено со два пиштола.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче