Русија ја најави грандиозната вежба „Центар-2019“ во која ќе учествуваат 130000 војници од 8 држави

Скриншот
Руското Министерство за одбрана во рамките на стратешката командно-штапска воена вежба ќе ги обедини армиите на Русија, Кина, Индија, Пакистан, Киргистан, Казахстан, Таџикистан и Узбекистан.

На стратешките командно-штапски воени вежби обединети под името „Центар-2019“ (рус. „Центр-2019“) ќе учествуваат околу 128000 војници со повеќе од 20000 илјади единици вооружување и борбена техника, околу 600 летала, до 15 борбени и помошни бродови, пренесува интернет-порталот ТАСС.

Вежбата ќе се реализира во периодот од 16-21 септември оваа година. Таа ќе се одржи како на воени полигони во Русија, така и во странство, пренесува интернет-порталот „Ѕвезда“.

Како што наведува интернет-порталот Взгљад, главните активности во рамките на оваа вежба од стратешки формат ќе бидат реализирани на воените полигони Тоцкој, Донгуз, Аданак, Чебаркуљск, Јургински, Алејски, Ашулук, Сакафулево, како и водите на Каспиското море.

Командант на оваа вежба ќе биде началникот на Генералштабот на руската армија, генерал на армија Валериј Герасимов.

Вежбата ќе биде поделена во две етапи. Во првата етапа од вежбата, акцентот ќе биде на командувањето со ангажираните сили во борбата против меѓународниот тероризам, извршувањето воздушни удари, ангажирање специјални единици и увежбување тактики во одбранбената фаза на изведувањето на борбените операции. Втората етапа на воената вежба ќе биде од исклучително офанзивен карактер, со акцент на командувањето со сите сили кои учествуваат во настапувањето, со примена на масивна артилериско-ракетна и воздушна поддршка на предниот крај на непријателската одбрана и длабочината на фронтот.

Минатата година во септември беше реализирана колосална стратешка воена вежба „Восток-2018“. Со оваа вежба лично командуваше рускиот министер за одбрана и генерал на армијата Сергеј Шојгу, а местото на нејзиното одржувања беше рускиот Далечен Исток и водите на Тихиот океан. Во рамките на воената вежба беа ангажирани сите видови и родови што се во составот на руската армија.

Според рускиот министер, во вежбите учествуваа околу 300 илјади војници и офицери, повеќе од 1000 авиони, хеликоптери и беспилотни летала, околу 80 бродови и помошни пловни средства, 36 илјади тенкови, оклопни транспортери и други средства за различна намена. Покрај руската армија, во вежбата зедоа учество и вооружените сили на Кина и Монголија.

Споредете ја грандиозната воена вежба „Восток 2018“ со најголемата советска вежба „Запад 81“!

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња