Третина од руската војска учествуваше во најголемите маневри во земјата „Восток-2018“ од 1981 година. Тие се одржуваат од 11 до 17 септември на „боиштата“ од Москва до најоддалечените региони на Камчатка.
Според соопштението на руското Министерство за одбрана, над 300.000 војници, десетина илјади воени возила и околу илјада летала ширум земјата „стапија во борба“.
„Источниот и Централниот воен округ, Северната флота, руските Воздушно-десантни сили, радарите 'за следење зад хоризонтот', воените возила и тактичката команда на руските Воздушно-космички сики ќе учествуваат во претстојните воени вежби“, најави Валериј Герасимов, началник на Генералштабот на Вооружените сили на Русија.
Тактичката цел на маневрите е да се провери подготвеноста на војската и да се покаже дека нејзините сили се во состојба во случај на потреба брзо да се префрлат од еден на друг дел од Русија.
Според сценариото на борбените игри, замислена земја (во сценариото земјата не се нарекува Русија) е нападната од странски воени сили и нејзината војска треба да го одбие нападот, при што на местото на нападот се концентрираат силите од цела земја.
Значи, првата дивизија ги симулира непријателските сили и започнува симулиран напад на Русија (односно на замислената земја, како што се наведува во сценариото), додека втората дивизија ги брани државните граници.
Копнените сили треба да минат 7.000 километри, додека некои бродови имаат задача да препливаат дури 4.000 наутички милји.
Набљудувачите од Русија и од целиот свет имаа можност да видат над 1.000 авиони (од ловци до стратешки бомбардери), хеликоптери, па дури и мали дронови во акција.
Имаше и околу 36.000 единици тешка и лесна оклопна техника, од оклопни транспортери до најновите борбени тенкови Т-14 „Армата“ и возила за поддршка на тенковските единици Т-15 „Терминатор“.
Најважно е што на руските сили им се приклучи кинеската војска. Тоа на овие масовни, но сепак локални маневри им даде големо политичко значење, со оглед дека дури и Пентагон спомена дека внимателно ги следи маневрите на двете земји.
Копнените маневри ги поддржуваат воздухопловните и морските сили ширум Русија. Северната и Тихоокеанската флота со 80 воени и помошни бродови исто така беа вклучени.
Како што истакна еден од водечките руски генерали Александар Жуков, некои ветерани од Сириската војна водеа напад и одбрана на маневрите, така што војниците кои досега не учествувале во војна исто така можеа да научат нешто практично.
Освен тоа, една од целите на маневрите беше вежбање на давање помош на соседните земји во случај на потреба. Затоа соработката со Кина и беше дел од маневрите.
Владимир Путин
Министерството за одбрана на РусијаПри користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче