Руското Министерство за одбрана објави видео од почетокот на најголемите воени маневри во современата историја на државата под кодно име „Восток-2018“, а кои се одржуваат на Далечниот Исток.
Маневрите на рускиот Далечен Исток и во водите на Пацификот ќе траат во периодот од 11 до 17 септември под раководство на рускиот министер за одбрана, генерал на армија Сергеј Шојгу. Тоа ќе бидат најголемите маневри во Русија во последниве 37 години, во нив ќе учествуваат речиси 300 илјади луѓе, десетици илјади оклопни возила, хеликоптери, авиони и беспилотни летала. Во еден дел од вежбите учество ќе земат и војските на Кина и Монголија.
Триминутното видео објавено на официјалната „Фејсбук“ страница на руските Вооружени сили ја прикажува ангажираната воена опрема, а пред сѐ тенкови, борбени возила на пешадијата, хеликоптери, авиони и системи за ПВО.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче