Рускиот противвоздушен ракетен систем С-400 „Триумф“ ги надминува панданите, вклучително и американскиот „Патриот“. Ова го објави во својот текст го објави британскиот весник „Дејли Експрес“.
Западните воени експерти сметаат дека рускиот ПВО-систем С-400 „Триумф“ освен неговата висока ефикасност е многу атрактивен и поради релативно ниската цена во споредба со системите со слична намена.
Според мислењето на западните воени аналитичари, С-400 ја остварува својата висока ефикасност со помош на многу чувствителни и софистицирани сензори кои можат да детектираат многу сложени воздушни цели како ловци и бомбардери со стелтни карактеристики, точно да ја утврдат нивната локација, параметрите на летот и да реализираат прецизен ракетен удар. На овој начин, „Триумф“ може да уништи зафатена цел на растојанија до 400 км, која се движи на висина и до 27 км над морското ниво.
Според поранешниот заменик-командант на индиското воено воздухопловство генерал Капил Кака, С-400 според неговите тактичко-технички можности го надминува секој пандан, „вклучително и американскиот „Патриот“, пренесува интернет-порталот „Взгљад“.
Рускиот противвоздушен систем С-400 „Триумф“ е наменет за борба против сите современи и перспективни средства на воздушно-космичкото оружје. Неговиот максимален хоризонтален дострел е околу 400 км (ракета 40Н6Е), додека во височина дејствува и до 35 км. Формациски, во рамките на еден дивизион најчесто има 2-3 батерии на овој систем, со вкупно 8-12 транспортно-лансирни единици. Значи, еден дивизион во својот состав има 48 ракети подготвени за моментално дејство. Цел ракетен полк хипотетички може да нападне 96 непријателски воздушни цели во оперативен борбен радиус до 400 км.