Кога Турција ќе ја добие втората батерија С-400 од Русија?

Global Look Press

Втората батерија руски ПВО-систем С-400 „Триумф“ ќе пристигне во Турција во август-септември, соопшти турскиот министер за одбрана Хулуси Акар.

„И понатаму работиме на избор на местата за стационирање и распоредување на ПВО-системот С-400. Се работи за испораката на втората батерија во август-септември“, рече Акар за телевизијата NTV, пренесуваат руските медиуми. 

Претходно, американскиот Стејт департмент одби да ги наведе можните рокови за воведување санкции против Турција поради набавката на рускиот систем С-400.

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека не ја обвинува Анкара поради набавката на руски системи С-400. Претходно, државниот секретар на САД Мајк Помпео ја повика Анкара да не ги воведува во вооружување купените системи С-400.

На 31 јули раководителот на Управата за воена индустрија на Турција Исмаил Демир изјави дека се очекува вториот циклус на испорака на руските системи С-400 во Турција да започне во 2020 година.

Прочитајте повеќе: Ердоган: С-400 ќе го воведеме во вооружување, а за F-35 ќе најдеме алтернатива

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња