Структурата на пиштолот „Лебедев“ (ВИДЕО)

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Компактниот пиштол „Лебедев“ (ПЛ-15К) е целосно дизајниран со употреба на дигитални технологии. Концернот „Калашников“ во краткиот видеоклип прикажува како се одвиваше процесот на конструирање на најновото стрелечко оружје.

Конструирањето на пиштолот чија електронска макета одговара на сите физички делови почна од разработката на „контролната структура“ на производот, а тоа се основните елементи (цевката, ракофатот), контурите и чкрапалото. Во оваа фаза се формира статичкиот изглед на производот и се проверува кинематиката на основните подвижни елементи.

Склопувањето на комплетниот производ се врши автоматски веднаш штом одреден дел ќе биде готов. Понатаму се врши анализа на пресекот во геометрија и динамиката на работењето на пиштолот, како и анализа на работната способност на подвижните механизми. Така, ПЛ-15К, чекор по чекор, го поприми својот конечен изглед.

Пиштолот „Лебедев“ беше пуштен во сериско производство оваа година. Оружјето е конструирано за калибар 9 милиметри со рамка од 16 куршуми (а моделот ПЛ-15К со рамка за 14 куршуми). Се претпоставува дека војската и другите вооружени структури ќе го користат овој пиштол наместо сегашниот пиштол „Макаров“. Како што соопшти весникот „РГ“, Росгвардија веќе го тестира најновото стрелечко оружје.