1) Најдобрите специјални единици на Русија и Заедницата на независни држави се собраа на почетокот на август на воен турнир за да покажат кој од нив е најспособен за борба против терористите во планински услови. Овој натпревар е познат како „Елбруски прстен“ и се одржува на падините на Елбрус, во еден од најживописните делови на Русија.
2) Групите специјалци имаа задача да покажат што се способни во борбата против терористите со искачување на неколку врвови на Елбрус под полна воена опрема, со ранци тешки триесетина килограми и автоматски пушки во рацете.
3) Котите кои мораа да ги совладаат се меѓу другите и селото Терскол (2462 метри) и Азау (2356 метри), како и два врва на Елбрус (4200 и 5642 метри).
4) Натпреварот започна со трчање нагоре по стрмните падини, со преминување пречки и стебла поставени на патеката.
5) Специјалците мораа да одат по јаже затегнато на височина од пет метри над планинска река и тоа во полна воена опрема. Тие, исто така, поминуваа и низ длабоки јами и водени пречки, во постојана опасност да наидат на заседа.
6) Додека еден или двајца членови на групата преминуваа различни водени, копнени и други пречки, тројца од нив од засолниште ги штитеа од потенцијалните „терористи“ скриени во грмушките или зад планинските карпи.
7) Веднаш штом ќе ги совладаат пречките во планинските шуми и на тешките угорнини, групите специјалци имаа задача да уништат терористи скриени во нивните „села“ или на „истурените позиции“ далеку на планинскиот врв.
8) Тоа беше увежбување на операција „пронајди и уништи“ која оваа единици мораат да бидат кадри да ја изведат во сите услови.
9) Се мери секоја секунда. Секоја група едвај имаше време да здивне, а потоа да тргне напред за да се здобие со титулата најдобра специјална единица на Русија и Заедницата на независни држави.
10) Според податоците што ги изнесе Министерството за одбрана на РФ, на турнирот „Елбруски прстен“ учествувале над 150 припадници на Спецназ во пет натпреварувачки групи.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче