На почетокот на мај на територијата на Чеченија беше изведена воена вежба на руските специјални единици и на слични состави од Заедницата на независни држави. Во Центарот за обука беа повикани најдобрите меѓу најдобрите за да разменат искуства и да видат кој што умее и кој што може.
Инструкторите од Рускиот универзитет за специјални единици подготвија симулација составена од голем број опасни ситуации, а задача на борците беше да ги уништат „терористите“ и да ги спасат цивилите.
Група оперативци ги зазема борбените положби и ги блокира сите влезови во куќата. За тоа време на прозорците и на вратите се појавуваат „терористи“ кои треба да се неутрализираат. Задачата е непријателот да се уништи без офанзива на објектот.
Оваа е имитација на операција „пронајди и уништи“, далеку од градовите и станбените населби. Според сценариото терористите киднапирале ВИП-лице од некој конзулат и го однеле во својата база во планина. Разузнавачите ја пронаоѓаат базата и јавуваат во штабот од каде се упатува хеликоптер со одред од Спецназ. Најпрво снајперистот од хеликоптер ја ликвидира првата стража, а потоа офанзивната група тргнува во десант, уништувајќи ги сите „терористи“ во куќата и го ослободуваат дипломатот.
Оваа операција се изведува во планинска шума. Група оперативци треба да ја премине планинската река со помош на сајли, по што има задача да го пронајде непријателската скривница и да ги уништи сите терористи на зададениот реон.
Ова е имитација на борбени дејствија во Сахара на почетокот од деведесеттите години од минатиот век. Спецназ мора да изврши пробој на непријателската одбрана на офанзивни возила (во овој случај баги) и да ги уништи сите „терористи“ кои се наоѓаат на положбите во пустина.
Задачата е симулација на ослободување на луѓе од ноќен клуб што го имаат заземено терористи. Заложниците се ослободуваат под звуците на гласна музика, во мешаница и мноштво кукли во одело, меѓу кои борците треба да ги препознаат „добрите и лошите“, во различни простории со запалено светло и со светлосни ефекти
Ова е имитација на борба во која оперативците имаат загуби. Според сценариото, еден борец на Спецназ се здобива со рана од куршум, па неговите соборци треба да го изнесат под непријателскиот оган на безбедно место и да му укажат прва помош.
Снајперист на специјалните единици во планина треба да пречека колона „терористи“ во заседа и да го ликвидира предводникот со еден куршум во глава. Потоа во акција тргнува целата група и ги уништува останатите „терористи“.
Тука ситуацијата е обратна – „терористите“ во планина напаѓаат група борци на Спецназ кои на теренски возила „баги“ се движат кон зададената цел. На воената вежба, секако, никој не отвора оган на припадниците на специјалните единици. Наместо тоа пред нив излегуваат мети кои треба да се погодат од офанзивното баги во движење.
Ова е симулација на борба во шумски планински терен додека паѓа мрак. За време на движењето на теренот и во текот на борбата против „терористите“ Спецназ може да применува само ноќни камери, без никакви светилки или што и да е слично. Така групата треба да мине низ минирано подрачје каде „терористите“ претходно имаат поставено школски мини и имаат затегнато жици врзани за осигурувачот на запалка.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче