Тамбов започна тактичка обука на женскиот спецназ (ВИДЕО)

Во Тамбовската бригада за специјална намена, која се наоѓа во состав на Западниот воен округ, започна обуката на женските тактички групи. Девојките увежбуваат брзо отворање оган од автоматски пушки и пиштоли на специјално прилагодени полигони кои се состојат од голем број пречки, како и неподвижни и подвижни мети кои мораат да се елиминираат.

За реализација на оваа обука се користат специјални тактички полигони за огнена обука на јуришни тимови. Тие се состојат од голем број вертикални и хоризонтални пречки, како и мети кои го имитираат непријателот. Полигоните се составени врз основа на борбеното искуство стекнато во Сирија, пред сѐ при изведувањето на противтерористичките акции во урбаните средини.

Курсистите учат како да се движат во група и да освојуваат одредени сектори на полигонот. Во таа прилика тие дејствуваат од различни позиции, со што дополнително се засилува интензитетот на самата обука и се приближува до реални услови, пренесува интернет-порталот РГ.

При реализацијата на нивните задачи тие носат стандардни автоматски пушки, како и пиштоли. Исто така, борбената униформа со средства за балистичка заштита е неизоставен дел од целиот процес. На главата носат фантомки и балистички очила.

„Во текот на реализацијата на обуката користиме исклучиво боева муниција. За таков тип на работа е неопходна апсолутна доверба меѓу членките на тимот, како и одлична обученост за ракување со стрелечко оружје“, полковник со сина беретка, кој не сакаше да го открие своето име.

Кога престана громогласното пукање, војници ги оставија автоматските пушки и ги симнаа фантомките и очилата. Наскоро се покажаа симпатични женски лица.

„Јас сум врскар, но скокање со падобран и изведување боева обука со спецназ треба да проба секој “, рече една од учесничките во оваа програма. Што се однесува до нејзината служба во единиците на руската армија, таа е повеќе од задоволна. Условите се многу добри, платата исто така. Накратко, таа си ја сака работата. Што се однесува до семејството, тука ситуацијата е значително полоша. Имено, нашата соговорничка неодамна се развела од мажот.

„Татко ми силно сакаше да има син“, напоменува таа. Нејзиното воспитување од мали нозе се одразило на нејзиниот карактер кој е многу силен за просечно женско лице. Карактерните црти на личноста биле многу силни и кај нејзиниот маж. И поради таа причина со текот на времето почнале да се јавуваат искри кој ќе биде главен во семејството. На крај останале многу добри пријатели.

Оваа група девојки по интензивниот тренинг ќе биде во натпреварувачкиот состав на оваа бригада кој ќе учествува на армиските натпревари што ќе се реализираат во близок временски период.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња