Како што соопшти информативната служба на Јужниот воен округ, а пренесува интернет-порталот РГ, главните задачи на оваа вежба се исполнување тактички задачи со цел надминување на непријателската ПВО, остварување воздушна превласт, а исто така и уништување на копнени и воздушни цели во сите временски услови, ден или ноќ.
На самото место се собраа авиони од ловечките и бомбардерските ескадрили распоредени во Крим, во Ростовската и Волгоградската област, Краснодарскиот крај и Ставропол. Одделни воздухопловни воени бази се наоѓаа на растојание од 1000 километри од местото на одржување на вежбата.
За време на прелетот до местото на изведување на вежбата, борбените авиони кои учествуваа во неа (ловци-бомбардери Су-24М и Су-34, како и ловци Су-30СМ) изведоа дополнување на гориво во воздух. Тие на височина од околу 6000 метри и при брзина од 550-600 км/ч изведоа дополнување на гориво со помош на летечка авиоцистерна Ил-78.
„Оваа операција ја изведоа од летачки екипажи од 1 и 2 категорија, кои имаа преку 400 часа летање. Со нив учествуваат и млади пилоти кои се должни со инструкторите да одработат најмалку десет вакви изискувачки операции со своите авиони, а подоцна 3-4 пати самостојно“, се нагласува во соопштението.
Што се однесува до вежбата, пилотските екипажи на авионите и хеликоптерите ќе увежбуваат различни тактички варијанти со боево гаѓање со ракети од класата „воздух-воздух“, потоа удари врз копнени цели со употреба на воздухопловни бомби, вклучувајќи дејства со авионски топови и ненаведувани ракетни зрна. Од своја страна, ќе се приклучат и ПВО-елементи опремени со ракетни системи со голем дострел С-400 „Триумф“ и хибридни ракетно-топовски ПВО-системи со краток дострел „Панцир-С“, кои ќе реализираат и боево гаѓање. Вежбите завршуваат на 31 март.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче