Видео: Како Су-34 со суперсонична ракета „Криптон“ уништи брод во водите на Каспиското езеро

Одделение на повеќенаменски ловци-бомбардери Су-34

Одделение на повеќенаменски ловци-бомбардери Су-34

Вадим Савицки/Global Look Press
При својот лет ракетата достигнува брзина до 3,600 км/ч (на висина непосредно над водата нејзината брзина помала и достигнува околу 2200 км/ч). Опремена е со пробојно-разорна глава со тежина од 100-110 кг. Нејзиниот максимален дострел зависи од верзијата на нејзината модификација и се движи во опсег од 70-160 км.

Во водите на Каспиското езеро во текот на заедничките воени вежби во кои учествуваа единици на Копнената војска, Воената морнарица и Военото воздухопловство на Русија, еден повеќенаменски ловец-бомбардер Су-34 со помош на противбродска ракета Х-31А ја уништи својата цел. Видеозаписот од боевата примена на оваа суперсонична ракета се појави на интернет.

Тактичката противбродска ракета од класата „воздух-земја“ Х-31А (НАТО кодификација Crypton) е наменета за уништување на површински цели на вода чиј депласман достигнува 4500 бруто тони. Тоа можат да бидат борбени бродови, како и поморски десантно-транспортни средства. 

При својот лет ракетата достигнува брзина до 3,600 км/ч (на висина непосредно над водата нејзината брзина помала и достигнува околу 2200 км/ч). Опремена е со пробојно-разорна глава со тежина од 100-110 кг. Нејзиниот максимален дострел зависи од варијантата на нејзината модификација и се движи во опсег од 70-160 км.

Се наведува на целта со помош на активна радарска глава за самонаведување. Се карактеризира со висока отпорност на противелектронското попречување кое го изведува непријателот.

Покрај противбродската верзија постои и верзија за борба против радарските капацитети на непријателот. Оваа ракета има уште поголем дострел (околу 250 км), а благодарение на својата голема разорна моќ ефикасно ги неутрализира овие системи до мера што тие повеќе практично се непоправливи.

Прочитајте повеќе: Русија тестираше хиперсонична противбалистичка ракета која ќе ја засили воздушната одбрана на Москва

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња