Како што соопшти интернет-порталот ВПК, кој се повикува на извори од Западниот воен округ, летечко-тактичките вежби се изведуваат на воен полигон во Тверската област. Пилотите на авионите Су-34 кои се стационирани во Воронешката воздухопловна база изведоа полетување со убојни средства. Оваа група авиони имаше за задача да бомбардира цели на условниот непријател означени со точки на кои гореа запаливи материи.
По акцијата на бомбардирање групата авиони мораше да реализира и „сложена школско-борбена операција на надополнување гориво во воздух со помош на воздушен танкер Ил-78“. Оваа задача во одделни фази беше решавана во услови на ниска облачност која предизвика послаба оптичка видливост, и во поле оптоварено со радиоелектронски пречки.
Во вежбата учествуваа повеќе од 15 авиони од состав на оперативно-тактичката авијација на Западниот воен округ. Покрај нив, беа ангажирани и повеќе од 60 единици специјална техника за врски, средства за противелектронска борба и ПВО-единици. Во вежбата вкупно учествуваа околу 500 специјалисти од летачкиот и техничкиот состав Воронешкиот, Курскиот и Тверскиот воздухопловен полк.
Пред петнаесетина дена и пилотите на Тихоокеанската флота изведоа голема воена вежба на небото над Камчатка. Во неа главна улога имаа ловците-пресретнувачи МиГ-31. Главната задача на вежбата беше откривање, пресретнување и соборување на условниот непријател кој го повредил воздушниот простор на Руската Федерација, на непрегледниот простор на Далечниот Исток.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче