„Од комерцијална гледна точка, тоа е добро, но за Русија, Турција не е најсигурен партнер, бидејќи таа земја, што се вели, седи на повеќе столчиња“, рече во интервјуто за порталот „Взгљад“ поранешниот амбасадор на Израел во Русија Зви Маген. Тој на тој начин ја прокоментира веста за можното купување руски повеќенаменски ловци Су-35 кое го разгледуваат соодветните инстанци во Турција.
„Купувањето ловци Су-35 тешко дека може сериозно да влијае на распоредот на силите во регионот. Ако руските авиони се споредат со американските Ф-35, станува збор за авиони со слични карактеристики и можности, затоа мислам дека нема многу разлика. Турција во моментов не е во војна со никого, така што таа трансакција не може сериозно да ја промени ситуацијата“, рече Зви Маген.
Како што наведе тој, ако зборуваме за комерцијалниот аспект, испораката на ловци на Турција е секако поволна за Русија.
„Од друга страна, би сакал да истакнам дека Турција е многу сомнителен партнер за Русија, затоа што турските интереси се тука денес, утре таму. Како што се вели, Турција седи на повеќе столчиња. Таа е активна членка на НАТО и оттаму нема да оди никаде“, рече поранешниот амбасадор на Израел во Русија.
„Турција во исто време се наоѓа во преоден период на својата историја и ако Русија во односите со оваа земја продолжи да вложува напори во правец на воено-техничката соработка, сешто може да се случи. Со оглед на прашањето на безбедноста на јужните граници на Русија, вклучувајќи го и Црното Море, разбирливо е дека Турција е многу важен и сериозен пријател. Меѓутоа, како ќе се одвива ситуацијата ќе покаже времето“, заклучи Зви Маген.
Како што претходно објавија органите на турските власти одговорни за набавка на оружје, тие се обратиле до Секретаријатот на одбранбената индустрија и командата на турското воено воздухопловство со барање да ја разгледаат руската понуда за испорака на повеќенаменски ловци Су-35. Доколку ресорот ја прифати понудата, Анкара ќе започне конкретни разговори со Москва по тој повод.
Според пишувањето на медиумите, руската државна корпорација „Ростех“ изразила подготвеност да ѝ продаде ловци Су-35 на Турција. Така Москва, како што се наведува, реагирала на одлуката на САД да ја исклучи Турција од својата програма за производство на авиони од петтата генерација Ф-35 поради набавката на руските противвоздушни ракетни системи С-400.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче