Главните причини зошто руската армија и понатаму ќе купува ловци Су-35 од генерацијата 4++

Вадим Савицки/Global Look Press
Министерството за одбрана на Руската Федерација нема да се откаже од понатамошна набавка на суперсоничните повеќенаменски авиони-ловци од генерацијата 4++ Су-35. Најдобриот одговор на прашањето зошто и понатаму се инсистира на набавка на овие авиони ако веќе се знае дека еден од приоритетите на руските ВКС е набавката на авиони од петтата генерација Су-57, се обиде да го изложи неспорниот руски авторитет од сферата на воздухопловството генерал-мајор Владимир Попов.

Министерството за одбрана на РФ ќе го продолжи договорот за сериска набавка на повеќенаменските ловци Су-35од генерацијата 4++. Без оглед на купувањето на флотата од 70 и повеќе повеќенаменски ловци од петтата генерација Су-57, руската армија има намера паралелно со овие авиони и понатаму да набавува ловци Су-35, пренесува интернет-порталот РИА „Новости“.

Руското Министерство за одбрана со производителот на повеќенаменските борбени авиони од генерацијата 4++ Су-35 досега потпиша две големи договора кои опфаќаат набавка на 98 авиони од овој тип. Првиот договор беше реализиран кон крајот на 2015 година и опфаќаше испорака на 48 вакви авиони. Набрзо после тоа беше потпишан уште еден договор кој подразбира набавка на уште 50 авиони Су-35. Според заменик-министерот за одбрана на РФ Алексеј Криворучко, вториот договор ќе биде реализиран до крајот на 2020 година. До неговото исполнување Воздушно-космичките сили (ВКС) ќе добијат уште 20 авиони од овој тип.

Неодамна претседателот на Руската Федерација Владимир Путин истакна дека до 2028 година руската армија, односно од нејзината компонента ВКС, ќе биде опремена со три комплетни воздухопловни полка кои во својот состав ќе имаат авиони од петтата генерација Су-57.

Су-57 (претходно познат како ПАК-ФА) е руски повеќенаменски борбен авион од петта генерација, развиен од воздухопловните инженери на ОКБ „Сухој“. Наменет е за извршување огромен спектар на задачи кои можат да се постават пред една воздухопловна борбена платформа како што се остварување апсолутна воздушна надмоќ над територија на која се изведуваат активни борбени дејствија, уништување најразлични копнени цели и површински бродови кои се засилени со современи противвоздушни борбени средства, операции за извидување и надзор на воздушен простор на големи растојанија, уништување на командната инфраструктура на непријателот итн.

Су-35С длабоко модернизиран супермневарбилен повеќенаменски ловец од генерацијата 4++ кој е конструиран со помош на технологии од петтата генерација. Небесниот крстосувач го карактеризира  многу квалитетна авионика која за основа користи коплексен компјутерски информационо-команден систе, нов радар, мотори АЛ-41Ф1С со плазмен систем на согорување со зголемена сила и управливи вектори на потисок. Овие мотори според своите карактеристики можат да се применат и на ловци од петтата генерација, затоа што обезбедуваат надзвучна брзина без дополнително согорување.

Според заменик-главниот и одговорен уредник на списанието „Авиапанорама“, генерал-мајор, заслужен воен пилот и доктор на технички науки Владимир Попов, понатамошната набавка на авиони Су-35 е многу оправдана и рационална одлука на рускиот воен врв.

„Зошто и понатаму сакаме да ги експлоатираме авионите од генерацијата 4++? Тоа е поврзано со соодносот цена-квалитет, кој кај нашите авиони е многу поволно балансирано. Зошто би ги отфрлиле авионите кои според нивните карактеристики можат на ист начин да ги реализираат борбените задачи како леталата од петтата генерација? Тоа се практично истите летала, освен кога е во прашање способноста за стелтност/невидливост, рече рускиот генерал.

Според него, рускиот авион од петта генерација Су-57 има битни предности над западните конкуренти.

„Тоа пред сѐ се однесува на повеќенаменската функција на ова летало, која руските авиоконструктори многу успешно ја решија так а што на една платформа може да се добие авион за решавање цел спектар различни задачи. Тоа може да биде класичен ловец-пресретнувач за остварување воздушна превласт над просторот каде што се одвиваат активни борбени дејствија, може да биде јуришник за пружање непосредна воздушна поддршка на трупите на земја,  бомбардер за операции за удар по копнени цели на непријателот во оперативната длабочина на фронтот. Тој поседува и нови системи за оптоелектронско противдејство, кои претставуваат новитет во светот на военото воздухопловство и кои не се применети ниту кај еден авион во толку обемен и комплексен пакет опрема. Леталото има нов напаѓачко-навигациски систем кој му овозможува употреба на најширок асортиман современо оружје од различна класа“, рече Владимир Попов.

Прочитајте повеќе: Небесна грабливка: Сите тајни на Су-35 во една видеоснимка

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња