Рускиот електричен автомобил Zetta: објавени првите патентни слики

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND
Во базата на патентна документација на Федералниот институт за индустриска сопственост е објавен патентниот документ за индустриски модел на електричниот автомобил Zetta, за кој пишувавме пролетва.

Документот е датиран од 1 август 2019 година и со него се приложени фотографии од автомобилот. Оваа документација покажува каков навистина ќе биде надворешниот дизајн на новиот автомобил.

Zetta е првиот руски електричен автомобил кој сериски ќе се произведува во фабриката на компанијата во Толјати. Производителот ги таргетира рускиот и странскиот пазар. За електричниот автомобил се предвидени неколку комплети кои се разликуваат според капацитетот на батеријата и типот на погонот (на две или четири тркала). Почетна цена му е 450000 рубли (околу 6230 евра).

Шасијата е изработена од метална конструкција со панели од екструзиски композитен материјал. Погонски систем го сочинуваат индукциски мотори-тркала. Со едно полнење Zetta ќе може да помине од 300 до 560 километри во зависност од комплетот и, со самото тоа, капацитетот на батеријата.

Максималното годишно производство ќе биде 15000 автомобили, а до крајот на годината се планира да бидат произведени 10 примероци. Фабриката во моментов работи на подготовка на производството, кое би требало да започне во декември 2019 година.