Цената на новиот руски електричен автомобил Зета ќе зависи од капацитетот на батеријата и типот на погонот, изјави генералниот директор на истоимената компанија Денис Шчуровски. Како што истакна тој, во основната верзија, со батерија која до следното полнење може да помине 200 километри и со погон на предните тркала, цената ќе се движи од 450 илјади рубли (околу шест илјади евра).
Како што се очекува, автомобилот ќе се појави во продажба во декември оваа година. До крајот на годината компанијата планира да исфрли десетина сериски произведени прототипи на ова возило.
Како што рече Шчуровски „подготовката за производство е завршена во обем од 70 отсто“.
„До крајот на годината треба да биде завршена доколку нема некакви финансиски тешкотии. За август е предвидена сертификација која треба да биде извршена до септември-октомври, а во декември е планиран почетокот на продажбата. Тоа ќе бидат сериски произведени возила. Сите верификациони испитувања на автомобилот се веќе извршени“; рече генералниот директор.
Од компанијата истакнуваат дека на рускиот пазар на компактни електрични автомобили може да се продадат 15 вакви возила, а можниот извоз би изнесувал околу десет илјади примероци. Почетокот на извозната испорака е планиран за 2020-2021 година.
Инаку Зета е компактен автомобил со три врати со погон на две или на сите четири тркала. Речиси сите делови, со исклучок на батеријата која се увезува од Kина, се од домашно производство.
Автомобилите Зета ќе се произведуваат во три верзии. Основната верзија ќе учествува во вкупното производство со 40 отсто, а возилата во оваа варијанта ќе имаат само преден погон. Во средната варијанта на опремата ќе остане истиот погон, со тоа што акумулаторот ќе биде со поголем капацитет. На овие возила ќе отпаднат 30 отсто од производството, колку што изнесува и уделот на автомобили со луксузна опрема со акумулатор со зголемен капацитет.
Компанијата Зета има свои погони за производство во центарот во Тољати. Проектот е заснован на принципот на стартап, а инвеститори се приватни лица. Научно-истражувачката работа и развојот се спроведени со поддршка на Министерството за индустрија и трговија, а за подготовката на сериското производство стаса финансиска поддршка од Фондот за развој на моноградови.
Во состав на проектот кој е започнат пред три години се работи во три насоки, на електромотор, на платформа и на самиот електричен автомобил. Како што прецизираше Шчуров, вкупната инвестиција изнесува околу 450 милиони рубли.
Претседателот на Русија Владимир Путин се запозна со електричните автомобили Зета за време на посетата на индустрискиот парк Заволжје во Уљјановск.
Прочитајте исто така: Оглас за продажба на нови советски Зилови крена голем прав
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче