На аеродромот во Краснојарск е формирана воена авијациска група за борба со шумските пожари. Групата се состои од 10 авиони Ил-76 и 10 воено-транспортни хеликоптери. Сите летала имаат опрема за исфрлање вода. Ил-76 може во еден налет врз запалена шума да истури 42 тони противпожарна пена. Летовите започнаа на 1 август, а до крајот на денот воената авијација истури над 330 тони вода на запалената тајга, соопштени Министерството за одбрана на РФ.
„Нашата навигациска служба разработи нов метод со кој вториот авион оди на малку поголема висина, околу 300 метри над првиот. Од таа висина го коригира движењето на првиот авион и така пожарот најефикасно се гасне“, рече за телевизијата „Ѕвезда“ командирот на екипажот на Ил-76, мајор Андреј Черних.
Шумските пожари зафатија речиси три милиони хектари во Бурјатија, Иркутската област, Краснојарскиот крај и Јакутија. Жариштата се на непристапен терен. Истражниот комитет РФ започна истрага за избувнувањето на пожарите.