Ова за агенцијата ТАСС го соопшти индустрискиот директор на кластерот „Вооружување“ во состав на оваа државна корпорација, Сергеј Абрамов.
„Ростех минатата година на „Авиалесоохрана“ ѝ испорача околу илјади пиротехнички патрони ПВ-26М. Во 2019 година планираме испорака од 2,6 илјади парчиња. Ова лето, вештачки предизвиканите врнежи веќе дадоа сериозна помош во гаснењето на големите шумски пожари во Забајкалскиот и Краснојарскот крај. „Авиалесоохрана“ планира да ја примени оваа технологија и во Иркутската област. За тоа постојат временски услови, односно потребната ресурсна облачност“, рече Абрамов.
Началникот на „Авиалесоохрана” Виталиј Акбердин потврди за агенцијата ТАСС дека на местото на концентрација на облачност се упатил авион за сондирање на атмосферата. „Денеска авион со сонда одлета на северот на Иркутската област и Краснојарскот крај, се појавила соодветна облачност за примена на патрони. Работите се во тек, резултатите засега ми се непознати, авионот е сѐ уште во воздух”, рече началникот на „Авиалесоохрана”.
Акбердин не ја исклучува можноста да биде нарачан и поголем број патрони, бидејќи тие се применуваат со успех.
Во 2017 година државната корпорација „Ростех“ соопшти дека започнала со сериско производство на средство за дејствување врз хидрометеоролошките процеси кое ќе може да предизвикува врнежи. Пиротехничкиот патрон, кој ја содржи хемиската супстанција сребрен јодид, се лансира од авион над облаците, по што почнува формирање на дожден фронт, а потоа следат врнежи. На изработка на патронот работеше Научноистражувачкиот институт за применета хемија.
Претпријатијата на корпорацијата „Ростех“ веќе произведуваат неколку варијанти на производи од ваков тип: градобијните ракети „Алазањ“, патроните за предизвикување врнежи ПВ-26 и системот против лавини „Нурис”.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче