Индија купи во Русија 1000 воздухопловни ракети и продолжува да го развива заедничкиот проект БраМос

marsonline
Универзалната крстосувачка ракета BrahMos е проектирана врз основа на руската противбродска крстосувачка ракета „Јахонт“. Ракетата е именувана по две реки, една индиска и една руска: Брамапутра и Москва. BrahMos развива брзина од 2,8 до 3 маха, што е 3,5 пати повеќе од брзината на американската крстосувачка ракета „Харпун”.

Како што пренесува интернет-порталот ТАСС, Индија купила во Русија околу 1000 воздухопловни ракети од различна класа со кои ќе се опремат единиците на нејзиното воено воздухопловство. Ова за рускиот медиум го пренесе информативната служба во рамките на Федералната служба за меѓународна воено-техничка соработка.

Во меѓувреме, на Интернет ресурсите се појави и најновата фотографија на авион Су-30МКИ кој на носач под трупот носи суперсонична ракета BrahMos-A.

Оваа ракета може да достигне висина до 15 километри, додека најниската висина на летот ѝ е 10 метри. Кон целта се наведува со комбинација на инерцијално и активно радарско самонаведување во завршницата на својата траекторија, каде прави максимално отстапување од метата во вредност од 1 метар. Ракетата носи пробојно-разрушувачка боева глава тешка од 200 до 450 килограми (според некои податоци може да носи и атомска), а нејзиниот максимален дострел во зависност од типот на ракетата е во опсег од 300- 600 км.

Воздухопловнатаа ракета „Брамос-А“ (Brahmos-A) што ја развива руско-индиската компанија BrahMos Aerospace, беше тестирана при крајот на мај во целосен дострел од носачот-платформа Су-30МКИ. Таа првпат уништи копнена цел. Ова го пренесе директорот на секторот за маркетинг и односи со јавноста Правик Патак.

 „Ракетата „Брамос-А“ беше лансирана од платформа на повеќенаменски борбен авион Су-30МКИ, кој се наоѓа во состав на  ВВ на Индија. Целта се наоѓаше на островот Кар-Никобар, кој се наоѓа во југоисточниот дел на Индија. Ракетата успешно ја погоди својата цел со апсолутна прецизност“, рече Правик Патак и додаде дека Су-30МКИ ја носел оваа ракета на носач под трупот, од каде што и беше лансирана.

Руско-индиската компанија Brahmos Aerospace при крајот на 2017 година потпиша договор со Министерството за одбрана на Индија за испорака на крстосувачки ракети со воздухопловно базирање за околу 50 повеќенаменски авиони-ловци Су-30МКИ. Сериското производство на овие ракети започна во март годинава.

Прочитајте повеќе: Индија и Русија потпишаа договор за набавка на ракети Р-27 за ловци Су-30МКИ

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња