„Последното тестирање беше успешно завршено во ноември 2018 година. Потоа нарачувачот изнесе дополнителни барања во врска со тактиката на примена, што е исто така реализирано и потврдено со блиц-тестирање во два наврата. Во март почна склопувањето на првите сериски примероци“, рече Максичов.
Според него, во прашање е голема нарачка, благодарение на која со овие ракети ќе бидат вооружени првите 40 ловци Су-30МКИ.
Модернизацијата на вооружувањето на индиското воено воздухопловство со воведувањето на новите ракети, според Александар Максичов, ќе трае неколку години.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче