Руските и индиските инженери со полна пареа: Тест на модернизираната „Брамос“ до крајот на годинава

Википедија
Руските и индиските инженери кои работат во состав на заедничката компанија „Брамос Ероспејс“ (Brahmos Aerospace) привршуваат со комплетирањето на модернизираната суперсонична крстосувачка ракета од класата „воздух-вода“ „Брамос“, која треба да се тестира до крајот на годината. Во меѓувреме, започнат е нов проект за развој на „скратена“ верзија на ракетата „Брамос“ која ќе можат да ја носат и лесните тактички ловци МиГ-29/35.

Новата воздухопловна ракета од класата „воздух-вода“ „Брамос“ со унапредени својства ќе биде испитана до крајот на оваа година. На неа ќе бидат имплементирани сите барања кои пред неа ги поставија генералите на Военото воздухопловство на Војската на Индија.

Ова за весникот РГ го соопшти еден од директорите на заедничката руско-индиска компанија Brahmos Aerospace Александар Максичев. Како што изјави Максичев, воздухопловната ракета веќе се наоѓа во состав на индиското воздухопловство. Најголемите унапредувања ќе се однесуваат на подобрување на нејзината управливост, поточно маневарбилноста. Тест со лансирање на оваа ракета е веќе изведен каде „математиката на ракетата и квалитетот на платформата од која е лансирана прикажаа навистина одлични резултати“, напомена Максичев.

Исто така, овој весник објави текст во кој се вели дека инженерите на компанијата Brahmos Aerospace работат на развој на нова крстосувачка мини-ракета. Според очекувањето на стручњаците, оваа ракета би можела да биде готова за околу 3-5 години. Таа ќе има можност за „закачување“ и на некои лесни тактички ловци, како што се авионите МиГ-29/35.

Универзалната крстосувачка ракета „Брамос” е проектирана врз основа на руската противбродска крстосувачка ракета „Јахонт”. Ракетата го доби името по две реки – индиската Брамапутра и руската Москва. „Брамос“ развива брзина од 2,8 до 3 маха, што е 3,5 пати повеќе од брзината на американската крстосувачка ракета „Харпун”.  Може да достигне висина до 15 километри, додека најниската висина на летот ѝ е 10 метри. Кон целта се наведува со комбинација на инерцијално и активно радарско самонаведување во завршницата на својата траекторија, каде прави максимално отстапување од метата во вредност од 1 метар. Ракетата носи пробојно-разрушувачка боева глава тешка од 200 до 450 килограми (според некои податоци може да носи и атомска), а нејзиниот максимален дострел во зависност од типот на ракетата е во опсег од 300- 600 км.

Прочитајте повеќе: Руско-индиската ракета „Брамос” прогласена за најдобра на светот

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња