Сликата е симболична
Global Look PressРуски научници од Политехничкиот универзитет Томск осмислија производство на нуклеарно гориво од ториум што ќе го користат нуклеарните системи од следната генерација.
Употребата на ториумот, чии резерви се прилично големи на нашата планета, ќе овозможи проширување на сировинската база на нуклеарната енергетика, истакнуваат стручњаците. Резултатите од истражувањето се објавени во списанието AIP Conference Proceedings.
Научниците од универзитетот во Томск развија технологија на синтеза со која можат да се прават разни видови нуклеарно гориво со дополнителни внатрешни безбедносни бариери, кои овозможуваат максимално согорување на фисилните изотопи и минимална можна содржина на изотоп во употребеното гориво.
Во нашиот случај производот на плазма-хемиската синтеза е нанодосперзен прав мешавина на оксиди и карбиди на метал. Правот претставува основа на новиот вид материјал за нуклеарни горива, чии карактеристики овозможуваат изградба на нуклеарни централи од следната четврта генерација, ги пренесуваат руските медиуми зборовите на научниот раководител на проектот Игор Шаманин.
Во текот на истражувањето научниците се занимаваа и со кинетиката на протокот на плазма-хемиските реакции. Така, на пример, ако не се обезбеди стабилноста на протокот на плазма и ако може да се пробијат границите на опсегот на работната температура, својствата на производот значително се влошуваат.
Стручњак додаде дека сибирските научници со контрола на параметрите и елементарниот состав на плазмата создаваат нови начини на синтеза на материјали со уникатни својства.
Руската академија на науките одлучи да користи мраз од месечината за да создаде водородно гориво.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче